local_shipping Бесплатна достава за нарачки над 1.500 ден. phone

Правила и услови за користење

Правила и политика на користење

(Последно изменето на: 28-ми октомври 2018 год.)

Користење на веб страната

Потврдувате дека сте на возраст од најмалку 18 години или ако пристапувате на веб-страницата под надзор на родител или законски старател. Двете страни се согласуваат дека оваа веб-страница може да се користи само во согласност со овие Услови и правила за користење. Ако не се согласувате со условите за користење или не сакате да бидете обврзани од нив, Вие се согласувате да се воздржите од користење на оваа веб-страница.

Ние ви доделуваме не-пренослива и не-ексклузивна лиценца за користење на оваа веб страница, во согласност со условите и Условите за користење, за работи како: шопинг за лични предмети продадени на сајтот, собирање претходни информации во врска со нашите производи и услуги и купување. Забранета е комерцијална употреба или употреба во име на која било трета страна, освен ако е експлицитно дозволено од platinavrata.com претходно.

Податоци, пријави и информации на корисникот

Нешто што ќе го поднесете до сајтот и/или ни го доставите, вклучувајќи прашања, критики, коментари и предлози, ќе ни стане единствена и ексклузивна сопственост. Не смеете да користите лажна e-mail адреса, да користите лажен или туѓ идентитет, или на друг начин да се обидете да нѐ доведете во заблуда во врска со потеклото на било какви поднесоци.

Политика за заштита на податоци

Личните податоци оставени во формата за комплетирање на нарачка се строго доверливи и заштитени. Тие не се објавуваат јавно, ниту се дозволува пристап до истите. Единствени податоци кои што можат да бидат искористени за промотивни цели исклучиво на platinavrata.com се телефонскиот број или е-маил адресата, со цел да Ве информираме за попусти, нови производи, наградни игри и др.

Информации достапни на веб-страница

Презентациите на производите изразени на оваа веб страна се оние на продавачот и не се направени од нас. Ние сме само препродавачи на сите производи. Сликите и описот на сите производи на platinavrata.com се соодветни на оние кои нам ни ги испраќаат производителите или застапниците на овие производи или брендови.

Линкови и веб-страници на трети страни

Можеме да вклучиме линкови до веб-страници на трети страни во секое време. Во случај корисникот да го следи линкот до друга веб-страница, тој или таа го прави тоа на свој ризик. Ние не прифаќаме одговорност за било која содржина достапна на веб-страници на трети страни.

Испорака

Доставата за нарачки во вкупна сума до 1500 денари се наплаќа 140 денари за сите градови, села и помали места низ цела Македонија. Нарачките во вкупна сума над 1500 денари се доставуваат бесплатно. Доколку сакате да ја откажете нарачката, тоа можете да го сторите во наредните 30 минути од комплетирање на истата, во спротивно истата се процесира и ќе морате да ја превземете и платите при достава.

Политика за рефундација

За време на транспортот производите можат да бидат оштетени и како резултат на тоа, не враќаме пари за неисправен или оштетен производ. Доколку сте незадоволни од одреден производ, можете да побарате рефундација во рок од 7 дена. Производи кои се во допир со кожа, тело, коса и сл. НЕ СЕ РЕФУНДИРААТ.